- Прочу се Јанка Влахинка
- дури до Стамбол коприна,
- со хубавина на толко,
- ја со работа три толко.
- На ден везе по махрама,
- на ноќ преде по кошула.
- Ја дочу Марко трговец,
- па ми се чуди двоуми
- како да Јанка измами.
- На мајка си и говори:
- - Мале ле, стара мајчица!
- Што ми се е мома дочула
- со хубавината не толко,
- ја со работа три толко.
- На ден везе по махрама,
- на ноќ преде по кошула.
- Как да ја, мајко, измамам?
- -Мајка му тихо говори :
- - Сину ле,сину ле, млад Марко!
- И това ли кахар береш?
- Прекупи си чиста свила
- и клабодан срмајлија.“
- Сите ќе дојдат да купат,
- Јанка ќе Влахинка да дојде.
- - Како го мајка научи,
- си прикупи чиста свила
- и клабодан срмајлија.
- Пушти гемија по море,
- Извикна Марко, провикна :
- - Елате, свила евтина!
- -Сите девојки дојдоха,
- нема е Јанка да дојде.
- Па ми се чуди млад Марко
- што нема Јанка да дојде!
- Кога вечер на вечер,
- ето ја Јанка кај иде
- со дванаесет робинки,
- со тринаесет алајки.
- Робинки и поли крепеха,
- алајки и друм метеха.
- Оддалек иде и вика:
- Трговец, млади трговец!
- Тргни гемија на сухо,
- свила да одбереме.
- - Ја Марко ли и говори:
- -Мене мајка заклела
- надвор гемија да не вадам.
- -Па си измами Јанинка,
- она си влезе в гемија
- и Марко тегнал гемија по морел,
- и си грабна Јанинка.