Јас те пратив на вода Калино
- Јас те пратив на вода Калино.
- Ти на вода одиш,
- Бело лице миеш,
- По ергени гледаш, мори Калино.
- Пусто да остане мамо, лицето.
- Кога нема него,
- Либе да го љуби,
- Тебе не те слушам, мори мајко, ле.
- Јас те пратив на нива Калино.
- Ти на нива одиш,
- Руси коси чешлаш,
- По ергени гледаш, мори Калино.
- Пуста да остане мамо, косата.
- Кога нема неа,
- Либе да ја мрси,
- Тебе не те слушам, мори мајко, ле.
- Јас те пратив на лозје Калино.
- Ти на лозје одиш,
- Бело грозје бериш,
- На ергени даваш, мори Калино.
- Пусто да остане мамо, грозјето.
- Кога нема либе,
- Со мене да бере,
- Тебе не те слушам, мори мајко, ле.: