Антице џанам душице
Антице џанам душице е македонска народна песна.
Текст на песната
уреди- Антице џанам душице
- Антице џанам душице
- а што пусти к'смет си немала
- и на твојата убавина
- и на твојата личотија.
- Не жали Анте, не плачи
- не рони солзи крвави.
- Сестра ти мала се омажи
- а ти поголема несвршена
- ти момче стројник ми испрати
- тебе ми те прво посака.
- Не жали Анте не плачи
- На душа ми те зедоја
- мајка ти та и татко ти
- ти момче стројник ми испрати
- тебе ми те прво посака.
- Не жали Анте не плачи
- не расипуј си го лицето.
- На стројникот што му рекоја
- Антица ми је посвршена
- Антица ми је посвршена
- за Димитрија, Робета.
- Ако ја сакаш малата
- малата кира Василикија.