Ајде, ред се редат, мале

Ајде, ред се редат, мале,
Ајде, ред се редат,
Кочански сејмени, мила мале,
Кочански сејмени.
Ајде, ќе ми одат, мале,
Ајде, ќе ми одат,
Покрај Крива Река, мила мале,
Покрај Крива Река.
Ајде, ќе го барат, мале,
Ајде, ќе го барат,
Иљо арамија, мила мале,
Иљо арамија.
Ајде, не ми било иљо,
Ајде, не ми било,
Покрај Крива Река, мила мале,
Покрај Крива Река.
Ајде, тук ми било Иљо,
Ајде, тук ми било,
Во Солуна града, мила мале,
Во ладна меана.
Ајде, го служела, мале,
Ајде, го служела,
Мома Македонка, мила мале,
Мома Македонка.

Надворешна врска

уреди

Музика