Ајде дали знаеш, паметиш Милице
Ајде дали знаеш, паметиш Милице е македонска народна песна.
Текст на песната
уреди- Ајде дали знаеш, паметиш Милице
- Ајде дали знаеш, паметиш Милице
- кога си бевме малечки, де
- кога си бевме малечки Милице
- ај кога се двајцата љубевме.
- Ај кога се двајцата љубевме Милице
- во чичовото градинче, де
- во чичовото градинче Милице
- ај кај шарените цвеќиња.
- Ај кај шарените цвеќиња Милице
- трендафил цвеќе цутеше, де
- трендафил цвеќе цутеше Милице
- ај на скутот ти ми спиеше.
- Ај кога те тебе целував Милице
- лице ти беше спотнато, де
- лице ти беше спотнато Милице
- ај од очи оган ти фрлаше.