Ајде ќе те прашам бре Донке
Ајде ќе те прашам бре Донке е македонска народна песна.
Текст на песната
уреди- Ајде ќе те прашам бре Донке
- Ајде ќе те прашам бре Донке
- Донке Вардаринке
- ајде дали тече бре Донке
- Вардар матна вода.
- Ајде тече, тече бре брате
- бели пени фрла
- ајде ми довлече бре брате
- до два ми јунака.
- Ајде првиот ми беше
- јунак Мирче Ацев
- ајде вториот ми беше
- јунак Страшо Пинџур.