А) Миграцијата на населението во НР Македонија
а) Миграцијата на населението во НР Македонија
Миграциите на населението во НР Македонија - внатрешни миграции и миграциите во странство биле обусловени од повеќе фактори меѓу кои: степенот и динамиката на економскиот развој; политичкиот аспект, воените услови, а посебно окупационите како притисок и принуда и др. фактори, така што во различни временски периоди интензитетот на миграционите движења на населението бил нееднаков. Во поткрепа на тоа говори фактот, ако во периодот 1920-1940 година преку 74.000 лица го промениле местото на живеење во Македонија, во наредните 20 години 1940-1960, нивниот број е зголемен за пет пати и изнесува 363.000 лица.<Социјалистичка Република Македонија, Миграциони движења на селското и градското население во СР Македонија. Скопје, 1969, 7, Републички завод за статистика на СРМ, с. 7.> Овие изразити промени во миграционите движења на населението се резултат пред се' на два основни фактори - воениот и специфичните окупациони услови и економскиот фактор, при што доаѓа до поголема раздвиженост на населението на релација село-град, како и од помалите кон поголемите градски центри во Македонија и иселување во европските и прекуокеанските земји. Кон ова терба да се додаде и доселувањето од соседните земји во Македонија, пред се' од Косово, Санџак, Јужна Србија и Албанија, што е поинтензивно изразено помеѓу 1950-1960 година како и доброволното иселување од Македонија на преку 200.000 Турци во целиот повоен период, од кои од 1956 година се иселиле околу 150.000 припадници на турското население.<Лазар Лазаров, Општествено-економскиот развој на НР Македонија 1944-1957, Скопје, 1988, 184, ИНИ.> Инаку, состојбата на промените во периодот меѓу двете светски војни и во повоениот период изгледаше вака:<Републички завод за статистика, Први резултати од пописот на населението, домаќинствата и становите во 1981, Скопје, 1981, 11.>
31. III 1921 808.724 жители 31. III 1931 949.958 жители 15. II 1948 1.152.986 жители 31. III 1953 1.304.514 жители 31. III 1961 1.406.003 жители 31. III 1971 1.657.308 жители 31. III 1981 1.913.571 жители
Гледано низ призмата на националната застапеност во НР (СР Македонија во периодот 1953-1971) најголем пораст е забележан кај шиптарското (денес албанското) малцинство а најголемо опаѓање е забележано кај турското малцинство, што го потврудваат и следниве податоци:<Исто таму, Пописот на населението по народност во СРМ, Скопје, 1971, 10.>