- Попаднала црна Арапина,
- Попаднала под града Солуна,
- Глава имат колку еден казан,
- Уши имат колу два таруна,
- Очи имат колку два шиника.
- Ми кондисал под Солуна града,
- Под Солуна, Солунски ливаѓе,
- Па ми удрил белана чадара;
- И ми собрал старци и попои,
- Таин сакат од Солуна града,
- На ден сакат по две фурни лебец,
- И им сакат крава јалоица,
- И им сакат по бочка ракија,
- И им сакат по две бочки вино,
- На ден сакат п’ убаа нееста,
- На ноќ сакат п’ една малка мома,
- Ми и’ љубит и ми и’ загубвит.
- Сите ми се редум изредија,
- Ред падна на млада Ангелина.
- Ангелина Дојчинова сестра.
- Ангелина Дојчинова сестра,
- Дворје метит градум солзи ронит,
- Со солзи ми дворје завадила.
- Ја догледа брат је болен Дојчин:
- „Ајти тебе сестро Ангелино!
- Што те тебе нужба дотерало,
- Дворје метиш дробни солзи рониш?
- Али ти се, сестро, здодеало,
- Рамни дворје, сестро, меетејќи?
- Мене болно, сестро, гледаејќи? –
- Рани, болки, сестро, врзеејќи,
- И понади мене готвеејќи?“
- „Ајти тебе брате, Болен Дојчин!
- Та не ми се мене здодеало,
- Рамно дворје, брате, метеејќи,
- Тебе болно, брате, гледаејќи,
- Рани, болки тебе врзеејќи,
- И понади тебе готвеејќи;
- Попаднала црна Арапина,
- Попаднала под града Солуна,
- Глава имат колку еден казан,
- Уши имат колу два таруна,
- Очи имат колку два шиника.
- Ми кондисал под Солуна града,
- Под Солуна, Солунски ливаѓе,
- Па ми удрил белана чадара;
- И ми собрал старци и попои,
- Таин сакат од Солуна града,
- На ден сакат по две фурни лебец,
- И им сакат крава јалоица,
- И им сакат по бочка ракија,
- И им сакат по две бочки вино,
- На ден сакат п’ убаа нееста,
- На ноќ сакат п’ една малка мома,
- Ми и’ љубит и ми и’ загубвит.
- Сите ми се редум изредија,
- Ред ми падна, мене ќе ме замат.“
- И говорит брат је Болен Дојчин:
- „Ајти тебе сестро Анеглино,
- Ал тоа те тебе брига нашло?
- Ево имат за девет години,
- Каде лежам болно на постела;
- Веќе ми се коски раскостиле,
- Веќе ми се меса раскапале;
- Коса ми е долу до појаса,
- Брада ми е до црната земја,
- Ај отвори шарена ковчега,
- Да изваиш триста лакти платно,
- Триста лакти платно бамбакерно,
- Да изврзиш рани од анџари;
- И земи ми моја вита сабја;
- Ево имат за девет години,
- Сабја в рака не ми е фатена,
- Не фатена, ни па наоточена,
- Веќе ми е сабја ’рѓосана.
- Да ја носиш Умер калакчија,
- Калакчија, мила побратима,
- Да наточит моја вита сабја,
- Да наточит сабја вересија,
- Ако станам скапо ќе му платам,
- Ак’ не станам, алал да ми чинит.“
- Па ми стана млада Ангелина,
- И ми зеде сабја ’рѓосана,
- Ми отиде дури у Умера:
- „Ајти тебе Умер калакчија,
- Так ти Бога, ја ќе ти се мола!
- Ме допуштил брат ми Болен Дојчин,
- Болен лежит за девет години,
- Веќе му се коски раскостиле,
- Веќе му се меса раскапале;
- Коса му е долу до појаса,
- Брада му е до црната земја,
- Сабја в рака не му е фатена,
- Не фатена, ни па наоточена,
- Веќе му е сабја ’рѓосана.
- Лели си му верна побратима,
- Да му остриш сабја вересија,
- Ако станит скапо ќе ти платит,
- Ак’ не станит, алал да му чиниш.“
- Проговори Умер калакчија:
- „Ајти тебе млада Ангелино,
- Ангелино, сестро Дојчинова,
- Чуму му е сабја наточена,
- Лел’ је болен јунак Болен Дојчин?“
- Проговара млада Ангелина:
- „Попаднала црна Арапина,
- Попаднала под града Солуна,
- Глава имат колку еден казан,
- Уши имат колу два таруна,
- Очи имат колку два шиника.
- Ми кондисал под Солуна града,
- Под Солуна, Солунски ливаѓе,
- Па ми удрил белана чадара;
- И ми собрал старци и попои,
- Таин сакат од Солуна града,
- На ден сакат по две фурни лебец,
- И им сакат крава јалоица,
- И им сакат по бочка ракија,
- И им сакат по две бочки вино,
- На ден сакат п’ убаа нееста,
- На ноќ сакат п’ една малка мома,
- Ми и’ љубит и ми и’ загубвит.
- Сите ми се редум изредија,
- Ред ми падна, мене ќе ме замат.“
- Проговори Умер калакчија:
- „Ајти тебе млада Ангелино!
- Ангелино, сестро Дојчинова,
- Ак’ ми даваш твојте црни очи,
- Црни очи, морски пијавици,
- Да ти острам сабја Дојчинова.“
- Расплака се лична Ангелина,
- Се поврати назад плачеејќи,
- Плачеејќи, назад пиштеејќи;
- Од далеку Ангелина викат:
- „Ајти тебе брате Болен Дојчин!
- Не ми острит Умер калакчија,
- Не ми острит сабја вересија,
- Тук ми сакат мојве црни очи.“
- Проговори брат је Болен Дојчин;
- „Остај сабја, сестро Ангелино,
- Остај сабја на бела постела,
- И влези ми темни конушници,
- Да изваиш моја брза коња,
- Три години коња незобано,
- Не глеано коња, ни чешано,
- Ни па арно вода напоено,
- Да ја водиш Митре Поморанче,
- Налбатина, моја побратима,
- Да ти коит коња вересија;
- Ако станам скапо ќе му платам,
- Ќе му платам жолтици дукати,
- Ак’ не станам алал да ми чинит.“
- Па ми стана млада Ангелина,
- И ми влезе темни конушници,
- Ми изваи нег’ва брза коња,
- Ја однесе Митре Поморанче,
- Да ми коит коња вересија:
- „Так ти Бога Митре Поморанче,
- Ме допуштил брат ми Болен Дојчин,
- Болен лежит за девет години,
- Веќе му се коски раскостиле,
- Веќе му се меса раскапале;
- Коса му е долу до појаса,
- Брада му е до црната земја,
- Лели си му верна побратима,
- Да му коеш нег’ва брза коња,
- Да му коеш коња вересија,
- Ако станит скапо ќе ти платит,
- Ак’ не станит алал да му чиниш.“
- Проговори Митре Поморанче:
- „Ајти тебе млада Ангелино,
- Ангелино, сестро Дојчинова,
- Чуму ти е коња Дојчинова,
- Лел’ је болен јунак Болен Дојчин?“
- Проговара млада Ангелина:
- „Попаднала црна Арапина,
- Попаднала под града Солуна,
- Глава имат колку еден казан,
- Уши имат колу два таруна,
- Очи имат колку два шиника.
- Ми кондисал под Солуна града,
- Под Солуна, Солунски ливаѓе,
- Па ми удрил белана чадара;
- И ми собрал старци и попои,
- Таин сакат од Солуна града,
- На ден сакат по две фурни лебец,
- И им сакат крава јалоица,
- И им сакат по бочка ракија,
- И им сакат по две бочки вино,
- На ден сакат п’ убаа нееста,
- На ноќ сакат п’ една малка мома,
- Ми и’ љубит и ми и’ загубвит.
- Сите ми се редум изредија,
- Ред ми падна, мене ќе ме замат.“
- И је велит Митре Поморанче:
- „Ајти тебе млада Анелино,
- Ангелино, сестро Дојчинова,
- Ако даваш твое бело лице,
- Твое лице како јасно сонце,
- Твојте веѓи, морски пијавици,
- Твојте очи како црно грозје,
- Да ти ковам коња Дојчинова,
- Да ти ковам коња вересија.“
- Па ми викна млада Ангелина,
- Викна, писна, на глас да ми плачит,
- Раце кршит од бели колена,
- Солзи ронит по бели образи,
- Од образи, шарени пазуви,
- Од пазуви, шарени скутои,
- Од скутои, по земја сурова.
- Си поведе коња Дојчинова,
- Љуто к’лнит млада Ангелина: -
- „Бог те убил Митре Поморјанче!
- Заш не тргна сабја да м’ загубиш,
- Туку мене ти ме посрамоти!“
- Па си тргна дома си отиде,
- И му кажвит брату си Дојчину:
- „Ајти тебе брате болен Дојчин!
- Што ми стори голема срамота,
- Со твојата верна побратима,
- Што јадефте, брате, што пиефте,
- Што одефте в гори на лоење;
- Кога реков за твојата коња,
- Да ја коит, брате, вересија,
- Што ми рече Митре Поморанче,
- Ако даиш твое бело лице,
- Ќе ти коам коња вересија.“
- И се фрли јунак Болен Дојчин,
- И се фрли на нога јуначка:
- „Ајти тебе сестро Ангелино!
- Страф да немаш, сестро, страм да немаш!
- Ја отиди Плетикоса Павле,
- Берберина, моја побратима,
- Ево имат за девет години,
- Каде лежам болно на постела;
- Веќе ми се коски раскостиле,
- Веќе ми се меса раскапале;
- Коса ми е долу до појаса,
- Брада ми е до црната земја,
- Да ми стрижит коса вересија,
- Да ми стрижит, брада да ми бричит.“
- Па ми стана млада Ангелина,
- Ми отиди Плетикоса Павле:
- „Ајти тебе Плетикоса Павле:
- Ме допуштил брат ми Болен Дојчин,
- Болен лежит до девет години;
- Веќе му се коски раскостиле,
- Веќе му се меса раскапале;
- Коса му е долу до појаса,
- Брада му е до црната земја,
- Лели си му верна побратима,
- Да му стрижиш коса вересија,
- Да му стрижеш, брада да му бричиш,
- Ако станит скапо ќе ти платит,
- Ак’ не станит алал да му чиниш.“
- Проговори Плетикоса Павле:
- „Ајти тебе млада Ангелино,
- Ангелино, сестро Дојчинова,
- Чуму му је коса острижена,
- Чуму му је брада обричена,
- Лел’ је болен јунак Болен Дојчин?“
- Проговара млада Ангелина:
- „Попаднала црна Арапина,
- Попаднала под града Солуна,
- Глава имат колку еден казан,
- Уши имат колу два таруна,
- Очи имат колку два шиника.
- Ми кондисал под Солуна града,
- Под Солуна, Солунски ливаѓе,
- Ми удрила белана чадара;
- И ми собра старци и попои,
- Таин сакат од Солуна града,
- На ден сакат по две фурни лебец,
- И им сакат крава јалоица,
- И им сакат по бочка ракија,
- И им сакат по две бочки вино,
- На ден сакат п’ убаа нееста,
- На ноќ сакат п’ една малка мома,
- Ми и’ љубит и ми и’ загубвит.
- Сите ми се редум изредија,
- Ред ми падна, мене ќе ме замат.“
- Тогаш велит Плетикоса Павле:
- „Ајти тебе млада Ангелино,
- Ангелино сестро Дојчинова,
- Ал ми даваш твоја тонка става;
- Става имаш како морска трска;
- Да ти стрижам коса Дојчинова,
- Да ти стрижам, па и да ти бричам.“
- Се поврна млада Ангелина,
- Си отиде во рамно дворои:
- „Ајти тебе брате Болен Дојчин!
- Не си имал верни побратими,
- Туку биле Турци неверници!
- Ми посака тонката ми става.“
- „Ајти тебе сестро Ангелино!
- Убило ’и мојте побратими,
- Убило ’и јадење пиење!
- Ево имат за девет години,
- Каде лежам болно на постела;
- Веќе ми се коски раскостиле,
- Веќе ми се меса раскапале;
- Коса ми е долу до појаса,
- Брада ми е до црната земја,
- Ја отвори шарена ковчега,
- Па извади триста лакти платно,
- Триста лакти платно бамбакерно,
- Да изврзеш рани од анџари,
- Да престегнеш моја половина,
- Да собереш коски раскостени,
- Па подај ми моја боздогана,
- Боздогана, моја вита сабја,
- Доведи ми моја брза коња.“
- Извади му млада Ангелина
- Триста лакти платно бамбакерно,
- Изврза му рани од анџари
- Престегна му коски раскостени,
- Рипна Дојчин на нога јуначка,
- Си опаса сабја ’рѓосана,
- Па ми вјана коња некована,
- Си ја грабна тешка боздогана,
- Право одит под града Солуна,
- Право одит на бела чадара,
- Право одит црна Арапина,
- Пиштит, викат колку глас го држит:
- „Ја излези црна Арапино!
- Ја излези гламјо опалена!
- Ја излези да се обидеме!
- Та да видиш јунак од јунака!“
- Си излезе црна Арапина,
- Туку врескат како некој аждер:
- „Чекај Дојчин, жолта восочино!
- Чекај моја тешка боздогана,
- Малу тежит, седумдесет ока.“
- Арап фрли тешка боздогана,
- Ја пречека Дојчин во десница.
- „Чекај, чекај црна Арапино,
- Црн Арапин, гламјо опалена,
- Чекај моја тешка боздогана,
- Малу тежит тристотини ока.“
- Фрли Дојчин тешка боздогана,
- Го погоди меѓу двете очи,
- Се откина глава Арапова.
- Рипна Дојчин од брзаго коња,
- Глаа кладе на коња пред себе,
- И ми тргна во града Солуна.
- Врвит Дојчин по среде Солуна,
- Што го виде се’ ми се зачуди –
- „Што ќе биде ова чудно чудо,
- Овој јунак, како суво дрво,
- Лице имат, како восок жолто,
- Што ми стори голема умера!
- Јунак било, јунак ќе да бидит!
- Не му требат цркви манастири,
- Да и’ праит, добро да им чинит!“
- Ми помина по среде чаршија,
- Право појде Умер калакчија:
- „Ајти тебе Умер калакчија!
- Сум те имал верна побратима,
- Ти ја пратив сестра Ангелина
- Да наточиш моја вита сабја,
- Да наточиш сабја вересија,
- Ако станам скапо да ти платам,
- Ак’ не станам алал да ми чиниш.
- Ајти тебе Умер калчкија,
- Не си било верна побратима,
- Не наточи моја вита сабја,
- Не наточи сабја вересија,
- Тук посака сестрините очи.
- Ајти тебе Умер калчкија,
- Сум станало скапо да ти платам,
- Да ти платам твоја вересија“
- Рипна Дојчин од брзаго коња,
- Па ми тргна сабја дипленица,
- Му ја зеде неговата глава.
- И појде при Митре Поморанче:
- „Ајти тебе Митре Поморанче,
- Поморанче, верна побратима,
- Што те имав кај мои црни очи,
- Ти ја пратив сестра Ангелина
- Да ми коеш моја брза коња,
- Да ми коеш коња вересија,
- Ако станам скапо да ти платам,
- Ак’ не станам алал да ми чиниш.
- Ајти тебе Митре Поморанче,
- Не си било верна побратима,
- Не окое моја брза коња,
- Не окое коња вересија,
- Тук посака сестриното лице.
- Ајти тебе Митре Поморанче,
- Што је ова голема срамота,
- Што ми стори на мојата сестра!
- Ајти тебе Митре Поморанче,
- Сум станало скапо да ти платам,
- Да ти платам твоја вересија“
- Рипна Дојчин од брзаго коња,
- Па ми тргна сабја дипленица,
- Му ја зеде и негоа глава.
- И појде при Плетикоса Павле:
- „Ајти тебе Плетикоса Павле,
- Сум те имал верна побратима,
- Ти ја пратив сестра Ангелина
- Да острижеш коса до појаса,
- Да обричеш брада вересија,
- Ако станам скапо да ти платам,
- Ак’ не станам алал да ми чиниш.
- Ајти тебе Плетикоса Павле,
- Не си било верна побратима,
- Не остриже коса до појаса,
- Не обриче брада вересија,
- Тук посака сестрината става.
- Ајти тебе Плетикоса Павле,
- Сум станало скапо да ти платам,
- Да ти платам твоја вересија“
- Рипна Дојчин од брзаго коња,
- Па ми тргна сабја дипленица,
- Му ја зеде и негоа глава.
- Вјана Дојчин коња некована,
- Отплатило таин на Арапа,
- Отплатило верни побратими,
- Отплатило скапа вересија,
- Дома одит, од далеку викат:
- „Ангелино, моја мила сестро,
- Отвори ми наши вити порти,
- Постели ми шарена одаја,
- И барај ми свешти и ламбади,
- Доведи ми попој законици,
- Што сакаше, сестро, се’ ти свршив,
- Ќе се делит душа од снагава.
- Да не жалиш, сестро, да не плачиш,
- Тук да земеш свирци, дабоани,
- Та да сториш голема донамба.“
- И ми стана сестра Ангелина,
- Ми отвори нивни вити порти,
- Уплашена, мошне устрашена;
- Кога виде глава од Арапа,
- Го прегрна млада Ангелина,
- Го однесе в шарена одаја,
- Колку легна на мека постела,
- Дури сестра свешта му запали,
- Даде душа брат је Болен Дојчин.
- Се собраје старци и попои,
- Ми кладое свирци дабоани
- Што ми бие три дни и три ноќи