Болен лежи Миле Поп Јорданов

Болен ми лежи Миле Поп Орданов х2
над глава му стои стара му мајка,
жално го жали, милно го плачи.
Стани ми, стани, мое мило чедо, х2
твојте другари по сокаци одат,
жални песни пеат, тебе те споминат.
Бог да го прости Миле Поп Орданов, х2
Миле Поп Орданов за Народ загина,
за народ загина, за Македонија.
Неговите сестри в'црно облечени, х2
свадба ќе прават, брата ќе женат,
брата ќе женат за Македонија.

Надворешни врски уреди

Блог за македонски народни песни Во изведба на Виолета Томовска