Болен лежи млад Никола
Болен лежи, џанум,
Млад Никола,
Болен лежи, џанум,
На постеља.
Никој нема, џанум,
Покрај њего,
Само едно, џанум,
Малој моме.
Простум стоји, џанум,
И го гледа,
Простум стоји, џанум,
И го гледа.
Проговара, џанум,
Млад Никола:
"Не стој, ори, моме,
Не гледај ме,
Немој, ори, моме,
Не гледај ме,
Од гледање, моме,
Фајде нема!
Ти појди си, моме,
Во гора зелена,
Да набереш, моме,
Билки лековити!"
(Скопска Црна Гора и Скопска Блатија)