Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 13

ТЕЛЕГРАМА ОД БРОД, ДИПЛОМАТСКИ ПРЕТСТАВНИК НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО БАРИ, ДО ФОРИН ОФИС

Г-дин Брод. И. 8.10 п.м. ГМТ 19 ноември 1944.

БР. 1059. П. 9.55 п.м. БСТ 19 ноември 1944.

19 ноември 1944

Да се повтори до Каз/ерта/, Атина.

Она што следува е во врска со мојата претходна телегра-ма R 8855/18497/9278

[Почнува]

Македонија. Генерал Ѓилас зборувајќи пред Тито на 7 ноември протестираше против грчкото угнетување на Словените во грчка Македонија истакнувајќи дека таквата шовинистичка политика само ќе ги затруе односите меѓу двете земји.

2. Генерал Темпо зборувајќи во српското Антифашистичко собрание изјави дека целиот македонски народ сака да оствари целосно обединување: егејската провинција под Грција и пиринската провинција под Бугарија да се обединат со македонската федерална држава. Темпо истакна дека тој поминал низ Пиринска и Егејска Македонија и дека меѓу населението постои желба да и се придружи на мајката земја.

3. Димитар Влахов, потпретседател на АВНОЈ протестираше против изјавата дадена од грчкиот премиер за грчките територијални аспирации на север на сметка на Пирин. Таквите аспирации се во контрадикција со правото на самоопределување на народите и Атлантската повелба. Народот на Пирин ја изрази својата желба да се приклучи кон Вардарска и југословенска Македонија. Влахов исто така протестираше против грчкиот терор и прогонувањето на Словените во Егејска Македонија.

4. Бугарскиот делегат Иван Терпешев и Тодоров се сложуваат со правото на народот од Пирин да се приклучи кон Вардар со [ѕiс] како дел од Југословенската федерална држава.

Албанија. Ѓилас истакна дека ослободителното движење во Албанија е многу силно и се надева дека ќе продолжи во тој правец. Нова Албанија ќе најде верен пријател во нова Југославија.

6. Италија. Ѓилас истакна дека Италија останува центар на интриги против Југославија. Така наречените демократски политичари го употребуваат јазикот на Мусолини и Гајда и зборуваат за болшевичката опасност преку Југославија. Нивната цел е да се отфрлат како југословенски териториите земени без правна основа од Југославија по последната војна. Тие не можат да сфатат дека протестот во Југославија е насочен против таквата форма на фашизам во корист на сојузничката цел.

7. Генерал Арсо Јовановиќ, во говорот одржан пред Тито ја истакна неопходноста за враќање на Истра вклучувајќи ги Трст и областа Горица. Весникот "Политика" го испушти овој дел од неговата изјава.

8. Бугарија. Шефот на бугарската делегација зборувајќи како претставник на владата на нова Бугарија е овластен да истакне дека од нивна страна не постојат пречки за формирање на пријателски сојуз меѓу двете држави.

9. Локална управа. Стамболиќ истакна дека во градењето на новата Југословенска држава ќе се употребат старите управни рамки и персоналот но штетните елементи нема да бидат примени.

Го молам Форин офис да го повтори до Атина како мојата телеграма бр. 22

[Повторено до Атина 6р. 233, 20 ноември.]

FО 371/44395 R 18886/18457/92