Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 16

ТЕЛЕГРАМАОД ХОСТОН БОСВИЛ, ПОЛИТИЧКИ ПРЕТСТАВНИК НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО БУГАРИЈА, ДО АНТОНИ ИДН, МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Канцеларијата на британскиот политички претставник, Софија

22 ноември 1944.

Господине,

Повикувајќи се на мојата телеграма бр.9 од 10 ноември, имам чест да ве известам дека на 12 ноември печатот го прекина краткото молчење во однос на Македонија со една статија во весникот на Звено "Изгрев" под наслов "Македонија во нејзината народна и патриотска освестеност". Преводот на статијата е во прилог.

2. Оваа нова манифестација за Македонија може да не е целосно без врска со статијата во "Тајмс" од 8 ноември за Бугарија и сојузниците, што беше соопштено на истакнато место во софискиот печат на 13 ноември. Според верзијата објавена овде, оваа статија, зборувајќи за подобрување на односите меѓу Бугарија и Југославија на маршал Тито, тврди дека "оваа нова и среќна промена во бугарско-југословенските односи се должи на одлуката на законодавното собрание на маршал Тито да и се даде целосна слобода на Македонија како што е и случајот со целосната подршка дадена во врска со тоа од владата на Татковинскиот фронт на Бугарија. Испраќам копии од оваа телеграма до амбасадорот на Неговото височество во Атина, до резидентот министер во Казерта и до г-дин Брод во Бари.

Хостон Босвил

FО 371/43649 R 21267/1009/67