Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 29
ТЕЛЕГРАМА ОД ФИЦРОЈ МАКЛИН, ШЕФ НА БРИТАНСКАТА ВОЕНА МИСИЈА ВО ЈУГОСЛАВИЈА, ДО ФОРИН ОФИС
Бригадир Маклин И. 10.40 а.м. Г.М.Т. 31 декември 1944
Бр. 108 П. 12.25 п.м. Б.С.Т. 31
декември 1944
30 декември 1944.
Повторено до Сакмед со телеграма бр. 806.
Во контекст на мојата телеграма 100 (К 22084/С)241 проследена до Сакмед под бр. 791.
Тито го испрати Кардељ (повторувам Кардељ), неговата политичка десна рака како претставник на АВНОЈ (повторувам АВНОЈ) на Второто заседание на АСНОМ - Македонско федерално собрание во Скопје. Тоа значи дека заседанието ќе ја следи партиската линија, и освен тоа ќе ни даде многу јасни индикации за неговата цел.
FО 371/48181 НР 00297 R 11/11/67