Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 41
ТЕЛЕГРАМА ОД МОСКВА ДО ФОРИН ОФИС
Г-дин Балфур И. 10.34 а.м. Г.М.Т. 8 јануари 1945.
Бр. 69. П. 11.58 а.м. Б.С.Т. 8 јануари 1945.
8 јануари 1945
ВАЖНО
Во врска со вашата телеграма бр. 95 (R 224/11/G)277.
Да, Јас му пишав на Молотов на 1 јануари објаснувајќи му ги вашите погледи и замолувајќи го да ги образложи неговите. Копија од моето писмо ќе ви биде испратено во првата прилика.
(Белешки)
Одлуката да се извести маршал Тито и бугарската влада за ставот на владата на Неговото Височество, една недела по известувањето на владите на Соединетите Американски Држави и Советскиот Сојуз, е донесена пред да се одлучи комуникацијата до Вашингтон и Москва да има форма на консултација, барање за запознавање со нивните ставови, а не само едноставно изјава за ставовите на владата на Неговото Височество. Во новонастанатата ситуација по се изгледа дека е поприкладно да не се известат Белград и Софија пред ние да се запознаеме со ставовите на владите на Соединетите Американски Држави и Советскиот Сојуз или додека не ги информираме маршал Тито и бугарската влада за нашите ставови.
Џ.М. Адис
8 јануари /1945/
FО 371/48181 НР 00297 R 566/11 /67С