Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 42

ТЕЛЕГРАМА ОД ФИЦРОЈ МАКЛИН, ШЕФ НА БРИТАНСКАТА ВОЕНА МИСИЈА ВО ЈУГОСЛАВИЈА, ДО ФОРИН ОФИС

Бригадир Маклин И. 3.21 п.м. 8 јануари 1945 Г.М.Т.

Бр. 21. П. 4.55 п.м. 8 јанури 1945 Б.С.Т.

8 јануари 1945.

ВАЖНО

[Почнува]

Во врска со вашата телеграма бр. 45 од 27 декември (R 21989/14079/0). Параграф 1.

Вчера го запознав Тито со информацијата што беше содржана во вашата телеграма од 2 јануари, имено дека, како што може да се утврди, Велебит не (повторувам не) споменал план за сојуз со Бугарија или Албанија во неговото интервју. Тито покажа олеснување и истакна дека и покрај тоа што тој не (повторувам не) ја исклучува можноста од евентуално проширување на југословенската федерација во иднина, во сегашниот момент не (повторувам не) се водат преговори било за бугарско или албанско влегување во било каков федерален сојуз со Југославија. Посебно во случајот со Бугарија не е (повторувам не е) спремен на таков чекор. Како што тој и истакнал на бугарската делегација, која го посетила претходниот ден [ѕiс] порака, Бугарите на неколку пати во минатото се колнеле на вечно пријателство со Србите но тоа не (повторувам не) ги спречувало да го прекршат тоа и да ги масакрираат во првата прилика. Потребно е извесно време додека Србите го заборават однесувањето на Бугарите во трите војни. Во исто време не постојат изгледи таквото непријателство да се продолжи и ако се воспостават добри односи тоа би било од двоен интерес. Во врска со ова јас му реков дека статијата на Пијаде, сумирана во мојата телеграма бр. 11 од 4 јануари не (повторувам не) успеа да ми се провлече.

2. Моите погледи во однос на македонското прашање се изложени во мојот извештај [sic] од 6 јануари што е на пат. Видете ја исто така и мојата телеграма бр. 8 од 3 јануари (R 310/11/67),

3. Повторете до сите занитересирани. [Крај]

(Белешки)

Ова изнасилено уверување од маршал Тито во врска со југословенско-бугарската федерација е задоволувачко колку што може во овој момент. Имајќи го предвид неговото уверување за мирните намери спрема грчка Македонија, произлегува дека за неодредено време Титовите погледи не се разликуваат многу од нашите во однос на покренатите прашања во R 21989/1479/G. 34

Одлучено е со R 566/11/G во растојание од неколку денови да се проследи предложеното извествување до Тито и бугарската влада во однос на македонското прашање и југословенско-бугарската федерација. Сер Орме Сарџент неодамна обрна внимание на извештајот од Солун, телеграма бр.25 (приложена копија) дека комунистите во Солун се расправаат дали да прогласат автономија на Македонија со вклучување на бугарска и југословенска Македонија и се прашува дали овој извештај нема да влијае врз одлуките на R 566. Во врска со Титовите претходни уверувања веројатно тој не може да даде охрабрувачко прифаќање на таков гест од грчка Македонија; а во случај тој да покаже знаци дека тоа ќе го прифати бригадир Маклин е доволно спремен веднаш да му укаже на чекорите кои во тој случај ќе ги преземе владата на Неговото Височество за таквата акција.

Но како и да е, ние можеме да ги запознаеме Вашингтон и Москва со суштината на телеграмите од овој плик и да сугерираме дека тие би можеле да бидат проследени до владите на Соединетите Американски Држави и Советскиот Сојуз, кои во исто време можат да бидат информирани дека под претпоставка нивните погледи да не се разликуваат од нашите ние предлагаме да го запознаеме Тито и бугарската влада со нашите погледи на точно определен датум, да речеме на 18 јануари (ако дотогаш се уште нема единствена југословенска влада287 јас сметам дека би требало да го запознаеме и д-р Шубашиќ).

Нацрт на телеграмата ќе следува.

Џ.М. Адис

11 јан/уари/ /1945/

За една недела Тито може повторно да биде поставен на дневен ред.

Џ. М. Адис

19 јан/уари/ /1945/

FО 371/48181 НР 00297 R 629/11/67G