Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 43

ТЕЛЕГРАМА ОД ОБЕДИНЕТИОТ МАКЕДОНСКИ СОВЕТ ОД ТОРОНТО ДО ВИНСТОН ЧЕРЧИЛ ПРЕМИЕР НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Почитуван Г-дин Премиер

Ние долу потпишаните од Обединетиот македонски совет претставувајќи го обединетиот глас на сите Канаѓани од македонско потекло ве поздравуваме за неодамнешната изјава во британскиот парламент дека ќе сторите се за обединување на сите балкански народи и држави во балканска федерација. Ние сметаме дека ова е единствена и најпрактична солуција. Македонскиот народ ја подржува вашата изјава и се надева дека вие ќе ја помогнете таа цел на македонскиот народ. Желбата на македонскиот народ е да ги обнови своите историски права во слободна, обединета и суверена држава со рамноправни права во идната балканска федерација. Ви благодариме однапред и се надеваме дека принципите на Атлантската повелба за самоопределување на сите народи и нации ќе допринесе најмногу кон тоа.

Палмероф

Л. Сотироф

(Белешки)

Јас сум на мислење дека ова треба да добие само потврда за прием од 6р. 10 и треба да биде куртуазна. Како прилог доставувам копија од телеграмата од Обединетиот македонски совет од Торонто до П.М. Не е јасно која изјава на Првиот министер е интерпретирана како охрабрување на македонските надежи. Но ние сугерираме дека овој совет би требало да добие потврда за прием со писмо од вас со следната содржина: "Господинот Черчил изразува благодарност за телеграмата од Обединетиот македонски совет од 8 јануари. Тој се надева дека ќе се создадат услови во кои ќе се постигне задоволувачки договор меѓу балканските држави во согласност со принципите за кои се борат Обединетите Нации."

FО 371/48181 НР 00297 R 1127/11/67