Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 45
ТЕЛЕГРАМА ОД ХОСТОН БОСВИЛ, ПОЛИТИЧКИ ПРЕТСТАВНИК НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО БУГАРИЈА, ДО АНТОНИ ИДН, МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
БР. 6
(1/3/45)
Канцеларија на британскиот политички претставник,
Софија
10 јануари 1945.
Господине,
Повикувајќи се на мојата телеграма бр. 21 од 4 јануари, имам чест да ви доставам во врска со тоа превод од изјавата на М. Харизанов, еден од претставниците кои присуствуваа на "Македонското народно собрание" кое беше отворено на 28 декември 1944, за весникот "Политика" од 3 јануари по неговото враќање од Скопје.
2. Весникот "Татковински фронт" на 6 јануари го пренесува говорот на М. Харизанов до Собранието, при што тој истакнува дека Македонија е географска и економска целина и дека не може да се подели без да му се нанесе штета на населението; и дека ниту една балканска држава, самата, не може да го реши македонското прашање.
Испраќам копии од ова до амбасадорот на Неговото Височество во Атина и до резидентот министер во Казерта.
М. Иван Харизанов, член на националниот комитет на татковинскиот фронт се врати од Скопје каде беше да ги изрази поздравите на отечествениот фронт на Бугарија до новата македонска држава. Во оваа прилика М. Харизанов ја даде следнава изјава:
"Моите импресии се одлични. Она што беше сон сега е стварност. Вардарска Макеоднија е слободна. Таа има своја сопствена влада, свој сопствен јазик и сопствено уставно собрание. Таа има сопствено лице во секој поглед. Посетителот веднаш го чувствува тоа. Се е во вриење и во работа. Сите се свесни дека големиот историски чин кој беше сон на многу генерации е постигнат.
Прашање:Какво е чувството спрема нас М. Харизанов?
Одговор: Мора да се признае дека до сега тие беа непријателски расположени. Тоа се должи на окупацијата, на лошото однесување на нашите власти и особено на погрешната фатална политика на нашата династија и нејзините влади.
Прашање: По ваше мислење кои се грешките на поранешната бугарска политика?
Одговор: Поранешните владетели не можеа да сфатат што е навистина Македонија. Во тој поглед ние Бугарите сме многу виновни во однос на македонското народ. Кога македонската револуционерна организација на Гоце Делчев и Сандански херојски се бореше за слободата на Македонија, големобугарскиот шовинизам на бугарската династија и нејзините влади ги вложуваа сите сили да го уништат и спречат тоа. Лидерите на револуцијата се спротивставија на тоа и поради тоа најеминентните членови беа елеминирани од агентите на династијата.
Тие лидери беа првите кои пред светот го прокламираа големиот завет: "Македонија мора да биде автономна и наместо јаболко на раздорот мора да биде алка за обединување на балканските народи". И тоа е навистина она што сега се случува таму.
Затоа што ние не го сфативме сето тоа историјата се свети. Ние ја окупиравме Македонија како "ослободители" но населението побегна во планина. Нашите лидери не сфатија дека Македонците тешко борејќи се многу, многу години беа свесни дека автономијата е единствениот пат за решавање на македонскиот проблем.
И сега тоа е решено. Таа станува се појака под мудрото водство на големиот маршал Тито. Во рацете на такви активни работници Влахов, Апостолски, Ченто, Павел Шатев и други идејата Македонија да биде обединувачка алка меѓу балканските народи ќе стане ставрност".
FО 371/48181 НР 00297 R 1937/11/67