Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 47

ТЕЛЕГРАМА ОД ФИЦРОЈ МАКЛИН, ШЕФ НА БРИТАНСКАТА ВОЕНА МИСИЈА ВО ЈУГОСЛАВИЈА, ДО ФОРИН ОФИС

Бригадир Маклин И. 10.01 а.м. Г.М.Т. 15 јануари 1945.

Бр. 47. П. 12.25 п.м. Б.С.Т. 15јануари 1945.

14јануари 1945.

Продолжение на мојата телеграма бр. 8 од 3 јануари (R. 320/11/67) .

Една статија во денешна Политика од д-р Раде Прибичевиќ (повторувам Раде Прибичевиќ) комесар за јавни работи во националниот комитет се осврнува на бугарската спремност да отстапи територија на Југославија.

2. Д-р Прибичевиќ истакнува дека "на последното заседание на АСНОМ официјалниот претставник на Бугарија објави дека Бугарија е спремна да го отстапи нејзиниот дел од Македонија на нашата држава".

3. Во официјалните извештаи од заседанието на АСНОМ нема било какви референции за таква изјава и по се изгледа дека споменувањето на тоа во статијата по својата природа е направено индискреција.

4. Ве молам да се повтори до Софија. [Проследено до Софија со телеграма бр. 43]

FО 371/48181 НР 00297 R 1161/11/67