Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 50

ТЕЛЕГРАМА ОД ХОСТОН БОСВИЛ, ПОЛИТИЧКИ ПРЕТСТАВНИК НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО БУГАРИЈА, ДО ФОРИН ОФИС

Г-дин Хостон Босвил И. 5.30 п.м. Г.М.Т. 19 јануари 1945.

Бр. 74. П. 7.35 п.м. Б.С.Т. 19 јануари 1945.

16 јануари 1945.

Да се повтори до Вашингтон,

Москва,

Казерта,

Атина.

Во врска со вашата телеграма бр. 431 до Вашингтон (R 629/Н/G). Ако навистина маршал Тито бил искрен во изложувањето на своите погледи до бугарските претставници сегашната состојба на пројугословенската пропаганда овде и организирањето на голема доброволна помош за сиромашното население на Југославија (види ја мојата телеграма бр. 72 и на генерал мајорот Оксли бр. М/467 бр. 1 до Министерството за војна) може да претставува навестување со бугарското демонстрирање на добра волја и нивната определеност да расчистат еднаш за секогаш со минатата перфидност спрема Југославија. Освен тоа меѓусебната недоверба кон Србите може да биде преовладувачка во некои делови овде. Според тоа не постојат битни противречности помеѓу ставот на Тито каков што е и нашата интерпретација овде на сегашните бугарски активности како подготовка на бугарското јавно мислење за евентуалната сметка. Било што и да се реши, оваа акција која Бугарија ја направи јавна, како симболичен мировен акт, тешко може да не оди во корист на Бугарија. Една работа е јасна: бугарската влада не може да промовира блиски односи со Југославија ако не добие премолчено одобрение од локалните советски власти и оттаму, по своја прилика, непосредно од Москва.

Го молам Форин офис да го проследи до Вашингтон и Москва како моите телеграми бр. 11 и 15 (по ред). Повторено до Вашингтон и Москва како телеграми бр. 663 и 322.]

FО 371/48181 НР 00297 R 1586/11/67

(Белешки)

Што станува со намерата да се известат Тито и бугарската влада за нашите ставови во однос на Македонија?

Сер Орме Сарџент

Како што се гледа од белешката R 629/G не треба да се покрене ова прашање со Тито и спрема тоа и со бугарската влада додека двата демарша не се испратат едновремено и додека југословенската владина криза не се реши.

Треба да се размисли бидејќи изгледа дека Тито е задоволен од југословенската криза, да се потсети тој и Бугарите за Македонија или треба да почекаме неколку наредни денови додека кризата се реши. На мислење сум да испратиме телеграми до Белград и Софија.

/потпис нечиток/

22 јануари 1945.