Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 51

ТЕЛЕГРАМА ОД ФИЦРОЈ МАКЛИН, ШЕФ НА БРИТАНСКАТА ВОЕНА МИСИЈА ВО ЈУГОСЛАВИЈА, ДО ФОРИН ОФИС

Бригадир Маклин И. 3.37 п.м. Г.М.Т. 16 јануари 1945.

Бр. 61. П. 5.30 п.м. Б.С.Т. 16 јануари 1945.

16јануари 1945.

Антифашистичкото собрание за национално ослободување на Македонија моли следнава порака да биде проследена до Првиот министер:

"Делегатите на Антифашистичкото собрание за национално ослободување на Македонија кои се состанаа на нивното Второ заседание во Скопје, главен град на федерална Македонија, сакаат да Ве поздрават вас и народот на Велика Британија за при-донесот кој Вие и британскиот народ го правите за поразот на заедничкиот непријател на сите слободољубиви народи - германскиот фашизам".

"Со денешното манифестирање на цврстата поврзаност кон принципите на нова федеративна Југославија, македонскиот народ уште еднаш ја покажа својата желба и спремност да живее како слободен и рамноправен народ во демократска федеративна Југославија".

"Во името на македонскиот народ се обврзуваме да се бориме со уште поголеми сили и да земеме учество во маршот на армиите на ослободољубивите народи кон Берлин во дувлото на фашистичките ѕверови". [Копии се испратени до министерот]

FО 371/48181 НР 00297 R 1222/11/67