Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 53
ТЕЛЕГРАМА ОД ВОЕНИОТ АТАШЕ НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО АНКАРА ДО ГЛАВНИОТ ШТАБ НА СОЈУЗНИЧКИТЕ СИЛИ
ОД - М.А. Анкара
ДО - А.F.Н.О.
Да се повтори до: Воениот кабинет (за Д. М. И.)
Ц. (с.) во Ц. (с), Среден Исток (за БГС (И)).
ИТНО
МА/0406 кипер 19 јан/уари/.
Извештајот примен од непотврдени извори говори дека македонската бригада под командата на Петко Трајов ги окупирала Флорина и Воден и има намера да продолжи за Солун. Оваа бригада ќе биде следена од други. Трупите носат бугарски униформи со црвена ѕвезда и капи. Планот е организиран од Велчев со одобрување на Тито.
2. Во неможност да ја оценам вистината, го испраќам до вас како што го добив.
До М.И. З.в. (за акција)
Копии до Д. Д. М.И. (И)
М.И. 3. Зв. 6.17.
М. 0.5.
Форин офис (Г-дин Хауард)
FО 371/48181 НР 00297 R 1778/11/67