Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 57

ТЕЛЕГРАМА ОД ФИЦРОЈ МАКЛИН, ШЕФ НА БРИТАНСКАТА ВОЕНА МИСИЈА ВО ЈУГОСЛАВИЈА, ДО ФОРИН ОФИС

Бригадир Маклин И. 2.29 п.м. Г.М.Т. 21 јануари 1945.

Бр. 88. П. 5.30 п.м. Б.С.Т. 21 јанаури 1945.

21 јануари 1945.

Продолжение на мојата телеграма бр. 47 од 14 јануари (R1161/11/61).

Минатата ноќ во момент на индискреција д-р Смодлака, комесар за надворешни работи во Националниот комитет, потврди дека бугарската влада дефинитивно се согласила да ја отстапи бугарска Македонија на Југославија.

2. Ве молам повторете до сите заинтересирани.

FО 371/48181 НР 00297 R 1627/11/67