Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 63

ТЕЛЕГРАМА ОД ФОРИН ОФИС ДО ФИЦРОЈ МАКЛИН, ШЕФ НА БРИТАНСКАТА ВОЕНА МИСИЈА ВО ЈУГОСЛАВИЈА

Бр. 85. И. 2.00 а.м. 26 јануари 1945.

26 јануари 1945.

Повторено до:- Москва бр. 409.

Вашингтон бр. 828.

Атина бр. 266.

Казерта бр. 387.

Софија бр. 104.

ИТНО

Во врска со телеграмата до Москва бр. 4886.

Што се однесува до југословенската внатрешна криза досега ние се воздржувавме да ви дадеме инструкции за претходно доставените наговестувања во параграф 3 во горе споменатата комуникација сметајќи дека таква комуникација ќе го онерасположи Тито во моментот кога ние сакаме тој да биде стрплив и да постигне договор со д-р Шубашиќ.

Имајќи ја предвид вашата телеграма бр. 47 и 88, а особено телеграмата од Софија бр. 108 и М/467 од Воената мисија во Софија јас мислам дека комуникацијата до Тито не може повеќе да се одложува. Би ви биле благодарни ако го информирате Тито дека владата на Неговото Височество го прими со задоволство неговото уверување дадено како што не известивте со вашата телеграма бр. 21 што е во согласност ставовите на владата на Неговото Височество. Потоа на него ќе му ја пренесете изјавата за ставовите на владата на Неговото Височество за поголемиот број прашања од гореспоментата телеграма во параграф 4.

FО 371/48181 НР 00297 R 1848/11/67