Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 64

ТЕЛЕГРАМА ОД ФОРИН ОФИС ДО ХОСТОН БОСВИЛ ПОЛИТИЧКИ ПРЕТСТАВНИК НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО БУГАРИЈА

Бр. 105. И. 2.45 а. м. 26 јануари 1945.

26 јануари 1945

Повторено до Москва бр. 410.

Вашингтон 6р. 829.

Белград 6р. 86.

Атина бр. 267.

Казерта 6р. 388.

ИТНО

Во врска со мојата телеграма бр. 4886 до Москва.


Имајќи ја предвид телеграмата бр. 47 и 88 и вашата телеграма бр. 108 и М/467 од 16 јануари, од мојата телеграма ќе видите дека на бригадирот Маклин му дадовме инструкции да му достави на Тито комуникација во смисла на претходно доставеното навестување во параграф 3 во гореспоменатата телеграма. Вие исто така веднаш информирајте ја бугарската влада за погледите на владата на Неговото Височество за следната линија:

Додека владата на Неговото Височество ќе прифати конфедерација меѓу сите балкански држави, сојузнички и непријателски и вклучувајќи ја по можност и Турција, таа нема да одобри една ексклузивна унија или федерација меѓу Југославија и Бугарија. Освен тоа, додека владата на Неговото Височество се согласува со формирањето на македонска држава во идната федерална Југославија таа со сите можни средства ќе се спротивстави на формирањето на голема македонска држава која вклучува аспирации кон грчки територии. Затоа таа гледа со неодобрување на активностите на македонските пропагандисти во Бугарија која изгледа ги одобрува и не го признаваме правото на бугарската влада да отстапи било кој дел од бугарската територија на македонската југословенска федерална држава без согласност на Обединетите Нации.

FО 371/48181 НР 00297 R 1848/11/67