Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 69

ТЕЛЕГРАМА ОД ФОРИН ОФИС ДО АМБАСАДОРОТ НА ГРЦИЈА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Бр. R 1939/11/67. FOREIGN OFFICE S.W.1.,1 февруари 1945.

Почитуван амбасадоре,

Ви пишувам како одговор на вашето барање за добивање информации побарана во Меморандумот Бр. 379 и 411/СТ/9/45 од 23 јануари.

Во почетокот на јануари во Скопје се одржа заседание на Антифашистичкото собрание на националното ослободување. Собранието е врховен орган на власта во југословенска Македонија, чија независност како единица во новата федеративна Југославија беше прогласена во Јајце во ноември 1943. Претставниците на воените мисии на Британија, Советскиот Сојуз и Соединетите Американски Држави присуствуваа на Собранието во Скопје. Според нашите информации, македонско југословенската држава останува ограничена во предвоените граници и нема вистина во извештаите дека Бугарија и отстапила територии на неа.

Исто така од извештаите од Турција произлегува дека елементи од грчко македонската бригада на Југословенската армија за национално ослободување дејствува на границите на грчка Македонија, но нема потврда за тоа. Точно е дека бригадата е формирана од бегалци од грчка Македонија; но маршал Тито му даде уверување на шефот на нашата воена мисија во Белград дека нема интенции да дозволи да дејствува во грчка Македонија.

Искрено ваш,

Д. Ф. Хауард

FО 371/48181 НР 00297 R 1939/11/67