Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 70

ТЕЛЕГРАМА ОД ФОРИН ОФИС ДО АНТОНИ ИДН, МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

ВЕДНАШ ФЛЕЕЦЕ Бр. 212.

ОД: А.М.С.С.О. ТОО 0614033

ДО: АРГОНАУТ. ТОД 0615223

Х СОЅ Z


ФЛЕЕЦЕ 212 6 февруари 1945.

За државниот секретар од Форин офис.

Ве молам погледнете го параграф 9 од ФЛЕЕЦЕ 89 кој се однесува на ставот на советската влада за југословенско-бугарската федерација.

2. Тито беше многу внимателен кога не ни навести за преговорите за југословенско-бугарскиот пакт за сојуз и замна помош, а како одговор на нашиот приговор се ограничи само на убедување дека федерацијата не е во план во тој момент. Меѓутоа постојат многу неодамнешни индикации кои зборуваат за пријателство меѓу двете држави. Овој развој на настаните, колку и да е непожелен, не дојде како изненадување.

3. На нас ни се чини дека многу од непријатностите што се однесуваат до федерацијата се однесуваат во помал степен и на пактот иако е сосема јасно дека договорот претставува прв степен кон федерација. Ако се склучи договор, Бугарија ќе ја избегне постапката што таа ја заслужува како поразен непријател и реакциите за позицијата на Грција би биле неповолни. Ние сме на мислење дека треба да заземеме линија дека непријателска земја која се наоѓа под сојузничка контрола е спречена да влегува во специјални договорни односи со друга држава, особено со оние со кои таа се уште е технички во војна, освен со експлицитна дозвола од победничките држави со која таа го склучила примирјето; и дека ние ќе инсистираме за целосни репарации на Грција пред Бугарија да може да го склучи планираниот сојуз.

4. Би била голема помош доколку Вие успеете на сегашниот состанок да го поставите на дневен ред и да дискутирате за предметот на југословенско-бугарските односи. Треба да знаете дека владата на Соединетите Американски Држави се уште нема доставено одговор за нивниот став на нашето барање.

ТОО 0614033

Доставено:

Кралот

Воениот кабинет

Секретарот на државата за Доминионите

Лордот на Тајниот печат

Секретарот на државата за воздухопловство

Министерот за производство

Министерот за информации

Форин офис

Господин Пик

Министерот за одбрана

FО 371/48181 НР 00297 R 2361/11/67