Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 71

ТЕЛЕГРАМА ОД КИЛЕРИ ДО ФОРИН ОФИС

Лорд Килери И. 2.55 п.м. Г.М.Т. 18 февруари 1945.

Бр. 385. П. 4.42 п.м. Б.С.Т. 18 февруари 1945.

18 февруари, 1945,

Да се повтори до Москва

Вашингтон

Белград

ИТНО

Тајно

Она што следува е од секретарот на државата. Јас се трудам да се реши прашањето во однос на југословенско-бугарскиот пакт кое беше поставено на дневен ред на Аргонаут. Во Аргонаут беше оставено советската влада да размисли за мојата сугестија дека на бугарската и југословенската влада големите тројца ќе им укажат да не продолжуваат со преговорите во сегашниот момент. (види Ф.С. М. Аргонаут девети состанок, 10 февруари и параграф 2 (ц) од Џесон бр. 363).

2. Амбасадорот на Неговото Височество во Москва треба да се информира дека господин Стивенсон ги извршува своите должности при единствената југословенска влада. Јас сметам дека е важно да му се укаже дека југословенската влада е запозната со ставовите на владата на Неговото Височество за овој предмет. Исто така на советската влада треба да и се укаже дека ако имаат општа алузија за договор за таков пакт владата на Неговото Височество ќе биде принудена да ги обнароди своите ставови. Од тие причини, јас се надевам дека М. Молотов ќе го прифати курсот кој јас го предложив во Аргонаут.

3. Во меѓувреме господин Стивенсон ќе најде прилика, штом му се претстави, да го запознае Тито со нашите ставови во врска со овој предмет.

Амбасадорот во Вашингтон би требало да го информира Државниот департмент за она што ние го преземаме, бидејќи се надевам дека тие едновремено би ја притиснале советската влада и би го запознале својот претставник кај југословенската влада.

[Го молам Форин офис да го проследи до Белград како моја телеграма бр. 170 од 18 февруари.]

FО 371/48184 НР 00297 R 3424