Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 74

ПИСМО ОД ВЈЕЧЕСЛАВ МОЛОТОВ, СОВЕТСКИ КОМЕСАР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ, ДО АРЧИБАЛД КЕР, АМБАСАДОР НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО СССР

ПРЕВОД. Москва

Почитиван господин Амбасадор,

Го потврдувам приемот на вашето писмо од 20 февруари и изјавувам дека советската влада е во тек со информацијата содржана во него, како последица на што бригадир Маклин добил инструкции да го запознае маршал Тито со ставот на британската влада дека бугарската и југословенската влада не би требало да продолжат со преговорите за југословенско-бугарски пакт за пријателство и сојуз.

Во исто време советската влада која веќе ги изрази своите погледи по тој предмет, во писмото на В.Г. Деканозов од 29 јануари, смета дека е пожелно да се продолжи дискусијата по ова прашање во Москва, како што беше предложено на Кримската конференција од господин Стетиниус и кој во тоа беше поддржан од мене. Ве молам, примете ги господине амбасадор уверувањата за моето големо почитување.

(потпис) В. МОЛОТОВ

Сер Арчибалд Кларк Кер /28 февруари 1945/

Специјален и овластен амбасадор на Велика Британија

М о с к в а

FО 371/48183 R 4110/11/67