Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 76
ТЕЛЕГРАМА ОД ХАЛИФАКС, АМБАСАДОР НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО САД, ДО ФОРИН ОФИС
Ерл од Халифакс И. 7.36 п.м. 7 март 1945.
Бр. 1504 П. 5.30 а.м. 8 март 1945.
7март1945.
Да се повтори до Москва
Белград
Атина
Софија
ВЕДНАШ
ТОР ЅЕСRЕТ
Во врска со мојата телеграма бр. 1333 Р 4088/11/0 која не е повторена до Атина и Софија. Она што следува е главниот дел од одговорот на Државниот департмент.
Департментот го дели мислењето на британската влада дека не би било пожелно за Југославија и Бугарија, особено се додека последната земја е се уште непријателска земја, да влегува во преговори за договор за сојуз и заемна помош или во други меѓународни договори со политички карактер за време додека трае примирјето. Амбасадорот на САД во Москва согласно тоа е известен да ја информира советската влада за овие ставови, кои во исто време се доставени до југословенскиот отправник на работите во Вашингтон за да ги проследи до неговата влада. Имајќи ја предвид договорената политика за консултации меѓу трите главни сојузници пред да се дејствува за работи кои се однесуваат на бугарските надворешни работи во време на периодот на режимот на примирје, Департментот цени дека треба да почека да го види ставот на советската влада пред да се дискутира ова прашање со советската влада.
2. Го молам Форин офис веднаш да го проследи до Белград како моја телеграма бр. 21 и до Софија како моја телеграма бр. 18.
(Белешки)
Ова е дискутирано со Сер Орме Сарџент и господин Хауард.
Американците сега се во полна согласност со нас со сите точки и преземаат паралелна акција.
Сер Орме Сарџент смета дека предноста што се добива со презентирањето на еден идентичен американско-британски фронт на предложената дискусија во Москва ја зголемува предноста и веднаш може да се испрати обраќање од наша страна до бугарската влада за југословенско-бугарскиот пакт.
Да се преиспитаат телеграмите до Вашингтон и Москва.
Џ.М. Адис
март 8.
FО 371/48183 НР 00297 R 4564/11/67