Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 81

ТЕЛЕГРАМА ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ДОМИНИОНИТЕ ДО ВЛАДИТЕ НА КАНАДА, АВСТРАЛИЈА, НОВ ЗЕЛАНД И ЈУЖНА АФРИКА

ОД: Д.О.

ДО: Владата на КАНАДА

АВСТРАЛИЈА

НОВ ЗЕЛАНД

ЈУЖНА АФРИКА


(Испратена 2.45 п.м. 13 март 1945.)

Д. Бр. 437 ТОРЅЕСRЕТ.

Во врска со мојата телеграма Д. Бр.434 од 9 март.

Се надевавме дека М. Молотов на Кримската конференција ќе ги изнесе ставовите на неговата влада во однос на југословенско-бугарскиот договор. Меѓутоа, бидејќи тоа беше неможно (види моја телеграма И. бр. 316 од 20 февруари) дискусиите сега ќе продолжат меѓу М. Молотов и амбасадорот на Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави во Москва.

2. На амбасадорот на Обединетото Кралство во Москва, согласно тоа, му е дадена инструкција да учествува во дискусиите во согласност со параграф 2 од мојата телеграма И. Бр.1 од 1 јануари и да ги постави следните точки:

(а) Ние се уште сакаме да ги дознаеме погледите на советската влада за проширена Македонија и

(б) ние мислиме дека е важно на бугарската влада да и се стават на знаење нашите ставови во однос на југословенско-бугарскиот договор. Иако ние повеќе би сакале да испратиме заедничко обраќање на Бугарија, амбасадорот на Обединетото Кралство треба да го информира М. Молотов, во случај тој да не се сложи со оваа сугестија или ако разговорите неоправдано се пролонгираат, дека ние ќе бидеме приморани самите да испратиме обраќање.

FО 371/48183 НР 00297 R 4110/67