Британски документи за Македонија (1994-1945), телеграма 9

ТЕЛЕГРАМА ОД ХОСТОН БОСВИЛ, ПОЛИТИЧКИ ПРЕТСТАВНИК НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ВО БУГАРИЈА, ДО АНТОНИ ИДН, МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

БР. 2.

Господине,

Во врска со мојата телеграма бр. 19 од 19 октомври имам чест да проследам до вас, во превод, извод од една статија во в. "Свобода" од 19 октомври во која се направени понатамошни референции на идејата за "Слободна Македонија" во рамките на "нова демократска федерална Југославија". Ќе го забележите, авторовото нагласување, дека формирањето на таква Македонија е изгласано на состанокот од 2 август на кој присуствувале не само претставници на Македонија и Југославија туку и "сојузнички воени мисии". Ми изгледа можно дека случајот со "младинскиот конгрес", кој беше организиран пред кратко време под покровителство на Тито можеби е искористен како покритие за оваа посериозна работа. Ако меморијата ме служи добро, владата на Неговото Височество не дозволи ниту еден британски делегат да присуствува на конгресот и да го наговори францускиот национално ослободителен комитет да усвои сличен став. Испраќам копија од оваа телеграма до министерот резидент во Казерта.

FО 371/43649 R 8059/1009/67