Викикниги:Општи често поставувани прашања

Помош:Содржина

Општи ЧПП

Подолу се дадени одговорите на општите често поставувани прашања за Викикниги - што е Викикниги, кој ја поседува, кој ја пишува и слично.


Кој ја поседува Викикниги?

уреди
Викикниги е менаџирана од непрофитната организација Фондација Викимедија, која исто така менаџира со сестрините проекти на Википедија, вклучувајќи ги Викиречник, Википедија и други, и ги поседува нивните имиња. Претходно, овој сајт беше хостиран на серверите на Bomis, Inc., компанија која е највеќе поседувана од Џими Вејлс. Со прогласувањето на Фондацијата Викимедија на 20 јуни, 2003 година, поседувањето на сите имиња на проектите, како и техничката опрема беа трансферирани на фондацијата. Сајтот се води од страна на заедницата на Википедијанци кои се водени од принципите од Џими Вејлс, секако, со приврзаност кон неутрална гледна точка.
Статиите кои се хостираат на овој сајт се објавуваат од страна на нивните автори под ГНУ Општа Јавна Лиценца (или слободна лиценца), така што статиите се со слободна содржина и можат да се репродуцираат слободно под истата лиценца. Видете Викикниги:Авторски права и Викикниги:Читателски често поставувани прашања за тоа како можете да ја користите содржината на Викикниги.

Кој е одговорен за статиите на Викикниги?

уреди
Вие сте! Всушност, можете дури и да ја уредувате оваа страница! Бидејќи постојат многу други Википедијанци, ова е колаборативен проект. Многу луѓе допринесуваат со своите информации за различни делови од овој проект и секој може да го направи тоа, вклучувајчи те и тебе. Сè што треба да знаеш е како да уредиш страница и да имаш малку енциклопедиско знаење кое сакаш да го споделиш. Енциклопедијава им дава на своите корисници извесен степен на слобода.
Можеш да дознаеш кој е одговорен за најскорешната верзија на секоја страница со кликнување на врската "Историја". Како и да е, доколку забележиш грешка во најскорешната ревизија на една статија, ти си охрабрен да бидеш смел и да ја поправиш истата. Оваа практика е една од основните механизми кои ја одржуваат точноста на енциклопедијата. Како резултат на тоа, Викикниги постана една од најопширните информациони библиотеки на Интернет.
Доколку сте несигурни или ве збунуваат зборовите, цитирајте го материјалот на соодветната страница за разговор и поставете прашање за останатите уредници. Ова помага при брзото отстранување на грешки, неточности или погрешни зборови и е доста ценето од заедницата.

Што е Нупедија?

уреди
Нупедија беше поформален енциклопедиски проект кој ја претставуваше Википедија. Денес тој не постои.