Викикниги:Потписи

Оваа страница е напатствие на македонската Викикниги. Општоприфатен стандард е уредувачите да ги следат правилата, но сепак треба да се користи здрав разум и да се прават повремени исклучоци. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:ПОТПИС
ВП:СИГ

Потпишувањето на Вашите коментари на страници за разговор и на други страници за комуникација на Викикниги се смета за добра етика и овозможува на другите корисници да го препозаат авторот на определен коментар. Одговарачот може да се движи до страници за разговор и да ги адресира своите одговори на соодветтниот корисник/корисници. Дискусијата е најважниот дел од колаборативното пишување бидејќи им помага на сите корисници да го разберат напредокот и еволуцијата на работата.

Уредувањата на главните страници за статии на Викикниги не смеат да се потпишуваат - статиите се поделен труд кој припаѓа на заедницата и на многу други уредувачи, а еден уредувач не смее да се истакне пред другите.

Потребно е да ги потпишувате Вашите коментари преку внесување на три тилди ~~~ само за Вашето корисничко име или ~~~~ (четири тилди) за Вашето корисничко име и времето кога е поставен потписот (видете ја подолната дискусија за пример). На овој начин, кога ќе ја зачувате страницата, Вашиот потпис автоматски ќе биде вметнат. Во спротивно, Вашите коментари ќе се појавуваат без Вашето име, Повеќето од нас ги користат временските потписи бидејќи постои копче над рамката за уредување со иконата за потпис која автоматски вметнува "-~~~~".

Поврзано

уреди