Викикниги:Почетен курс (Уредување на статиите)

Оваа статија е дел од
почетниот курс
на Викикниги.
Лекции

Почеток
Уредување на статиите
Обликување на статиите
Викиврски
ВикиПроекти
Надворешни врски
Страници за разговор
Не заборавајте
Регистрирање
Заклучок

Видете уште
Помош:Содржина


Кога сте на страница која сакате да ја уредите, кликнете на табот уреди кој се наоѓа на самиот врв на страницата.

Кога кликнувате на уреди, се појавува текстот на страницата во рамката за промени, каде можете да го уредувате текстот по Ваша желба.

Преглед пред зачувување на промените

Кога сте готови со промените, задолжително кликнете на копчето Прегледај, кое се наоѓа под рамката за промени. Тоа копче ќе ви покаже како ќе изгледа новиот текст кога ќе го зачувате. Ако не сте задоволни, продолжете со промените, а потоа повторно кликнете Прегледај.

Опис

Откако сте ги направиле сите промени, внесете во малето поле под рамката за промени (таму каде што пишува Опис) каква промена сте извршиле (бидете кратки!) - тој опис ќе се појави на страницата Скорешни промени. Потоа кликнете на копчето Зачувај ја страницата. Страницата тогаш ќе биде зачувана на Викикниги.

  • СОВЕТ: Ако имате намера да правите поголеми измени или да пишувате подолг текст, подобро е најпрвин да го ископирате стариот текст на својот компјутер (користејќи Notepad или некој друг уредувач на текст), таму уредете го, а потоа конечната верзија ископирајте ја во рамката за промена на текстот на страницата. Тоа е корисно и затоа што можете да ги чувате текстовите на Вашиот комјутер, па можете да го дополнувате и кога не сте поврзани на интернет (со што штедите пари ако немате ADSL или друга постојана интернет врска).
  • СОВЕТ 2: Ако статијата треба подолго време да се уредува (неколку часа) и не сакате некој друг уредувач да ја преуредува статијата, на врвот од страната поставете го шаблонот Шаблон:Tl {{}} внатре внесете Шаблон:Tl.

За напредните

Откако ќе создадете и ќе зачувате нова страница, добро е да го направите следново:

  • На таа страница кликнете на текстот Што води овде? на левата страна, под лентата за пребарување, за да проверите дали има статии кои веќе водат кон неа и дали го користат истото значење кое Вие сте го искористиле;
  • Проверeте на Google за сите страници на Викикниги на македнски јазик, каде се спомнува името на статијата која сте ја уредувале и направете викиврски кон истата.
  • Проверете дали има статии на иста тема на другите јазици на Викикниги и ставете ги како интервики врски во статијата.



Тестирајте во песокот


Продолжете го курсот со форматирање