Во влашкото маало жолти куќи високи

Текст

уреди

Во влашкото маало жолти куќи високи

Во влашкото маало
Жолти куќи високи.
Во влашкото маало
Жолти куќи високи.
Ој Јанино, баш Јанино,
Жолти куќи високи.
На порте ми седеше
Момето на Илчови.
На порте ми седеше
И на ѓерѓеф везеше.
Ој Јанино, баш Јанино,\
и на ѓерѓеф везеше / 2x
Оздола иде млад Стојан
И на моме говори
Дај ми го моме ѓерѓефот
Ќе ти дадам два гроша.
Ој Јанино, баш Јанино,

ќе ти дадам два гроша.

Не и’ го зеде ѓерѓефот
Тук ја фати за рака.
Ој Јанино, баш Јанино,
тук ја фати за рака.

Надворешна врска

уреди

Блог за македонски народни песни

Музика