Германски јазик/Датив
Дативот го опишува индиректниот предмет во реченицата. За да го пронајдеме индиректниот предмет треба да одговориме на прашањето кому? (wem?)
На пр. Ich helfe dem Mann. - Му помагам на човекот.
Кога ќе одговориме на прашањето Wem helfe ich? - Dem Man. Dem Man е индиректен предмет во реченицата, поради тоа оваа именка ќе биде во датив.
Глаголи
уредиОдредени глаголи секогаш „бараат да имаат“ индиректен предмет. Такви се на пр: sagen (кажува), helfen (помага), gehören (припаѓа), antworten (одговори), danken (благодари) и други.
Предлози
уредиКога во реченица користиме одредени предлози знаеме дека именката што следува после нив е во датив. Такви се:
- ab (од (идно време))
- Ab morgen habe ich mehr Zeit. - Од утре имам повеќе време.
- Ich bin ab Montag in Berlin. - Од понеделник сум во Берлин.
Членот
уредиНеопределениот член во датив гласи:
Номинатив | Акузатив | Датив | Пример | Македонски | |
---|---|---|---|---|---|
машки род | ein | einen | einem | einem Mann | (еден/некој) маж |
женски род | eine | eine | einer | einer Frau | (една/некоја) жена |
среден род | ein | ein | einem | einem Brot | (еден/некој) леб |
множина | --- | --- | --- | Kindern | (едни/некои) деца |
Определениот член во датив гласи:
Номинатив | Акузатив | Датив | Пример | Македонски | |
---|---|---|---|---|---|
машки род | der | den | dem | dem Mann | мажот |
женски род | die | die | der | der Frau | жената |
среден род | das | das | dem | dem Brot | лебот |
множина | die | die | den | den Kindern | децата |
Лични заменки
уредиНоминатив | Акузатив | Датив | Македонски |
---|---|---|---|
ich | mich | mir | мене; ми |
du | dich | dir | тебе; ти |
er | ihn | ihm | нему; му |
sie | es | ihr | нејзе; ѝ |
es | sie | ihm | нему; му |
wir | uns | uns | нам; ни |
ihr | euch | euch | вам; ви |
sie | sie | ihnen | ним; им |
Sie | Sie | Ihnen | Вам; Ви |
Контракции
уредиОпределени предлози по правило се спојуваат со членот во реченицата:
- an + dem = am (am Freitag, am 24. Januar, am Abend)
- an + das = ans
- bei + dem = beim (beim Arzt, beim Spielen)
- in + dem = im
- in + das = ins
- zu + dem = zum
- zu + der = zur
Редослед во реченицата
уредиСекогаш кога во една реченица имаме и директен и индиректен предмет, индиректниот предмет секогаш има позиција пред директниот, односно дативот секогаш има позиција пред акузативот.