Германски јазик/Додатоци/Азбука
Das Alphabet
Германската азбука се состои од 26 букви од латинската азбука, плус четири специјални букви.
- A a, B b, C c, D d, E e, F f, G g, H h, I i, J j, K k, L l, M m, N n, O o, P p, Q q, R r, S s, T t, U u, V v, W w, X x, Y y, Z z
Специјални букви се:
- Ä ä, Ö ö, Ü ü, ẞ ß
Изговор
уредиИзговор | Пример | ||
---|---|---|---|
sch | се изговара како ш | Tisch | |
tsch | се изговара како ч | Deutschland | |
eu | се изговара како ој | Euro | |
ei | се изговара како ај | leider | |
st | се изговара како шт кога се наоѓа на почетокот од зборот | Stadt | |
sp | се изговара како шп кога се наоѓа на почетокот од зборот | Sport | |
w | се изговара како в | Wasser |
Самогласки
уредиСамогласките може да се изговорат на два начини, кратко или долго. Кога се наоѓаат пред две исти согласки, ck, ch или tz, се изговараат кратко. Самогласките се изговараат долго кога се наоѓаат пред h или ß. I се изговара долго ако после него следува e.
Кратко | Пример | Долго | Пример | |
---|---|---|---|---|
a | Tasse | Straße | ||
e | Dreck | nehmen | ||
i | bitte | sieben | ||
o | Koffer | Sohn | ||
u | Wuppertal | Fuß |