Германски јазик/Модални глаголи
<< Plural der Nomen | Die Modalverben | Fragen >>
Die Modalverben / Модални глаголи
Што се модални глаголи?
уредиВо германскиот јазик постојат шест модални глаголи (Modalverben) кои многу често се употребуваат за искажување на:
- дозвола/возможност/способност
- обврзност/неопходност
- намера/предвидување
Модалните глаголи се неправилни глаголи. Тие се:
- können - може, умее - искажува умеење, способност.
- müssen - мора - искажува неопходност, обврзаност, наредба, должност.
- wollen - сака, намерава - искажува намера, желба, план.
- sollen - треба - искажува инструкции, наредба, совет.
- dürfen - смее, осмели - искажува дозвола, забрана.
- mögen - сака - искажува наклонетост.
Модалните глаголи во сегашно време
уредиkönnen може |
müssen мора |
wollen сака |
sollen треба |
dürfen смее |
mögen сака | |
---|---|---|---|---|---|---|
ich | kann | muss | will | soll | darf | mag |
du | kannst | musst | willst | sollst | darfst | magst |
er/sie/es | kann | muss | will | soll | darf | magt |
wir | können | müssen | wollen | sollen | dürfen | mögen |
ihr | könnt | müsst | wollt | sollt | dürft | mögt |
sie/Sie | können | müssen | wollen | sollen | dürfen | mögen |
Примери
уредиСекогаш кога во реченицата користиме модален глагол, тој мора да биде конјугиран по лице, а вториот глагол останува во инфинитивна форма.
- können
- Ich kann sehr schnell schwimmen. - Јас можам (умеам/знам) многу брзо да пливам.
- Ich kann nicht tanzen. - Јас не можам (умеам/знам) да танцувам.
- Er kann Gitarre spielen. - Тој може (умее/знае) да свири на гитара.
- müssen
- Du muss Morgen arbeiten. - Ти мораш наутро да работиш.
- Er muss heute zu Hause bleiben. - Тој мора да остане дома денеска.
- Ich muss nach Hause (gehen). - Јас морам да одам дома.
- wollen
- Wollen sie zum Konzert gehen? - Сакаат ли тие на концерт да одат?
- Will er Essen? - Сака ли тој да јаде?
- Ich will reisen. - Јас сакам да патувам.
- sollen
- Der Doktor sagt, du sollst mehr schlafen. - Докторот вели дека ти треба повеќе да спиеш.
- Wann sollen wir kommen? - Кога треба ние да дојдеме?
- Morgen soll es regnen. - Утре треба да врне.
- dürfen
- Er darf nichts anfassen. - Не смее да пипне ништо.
- Hier darf man nicht schwimmen. - Тука не смеете да пливате.
- mögen
- Ich mag bücher lesen. - Јас сакам да читам книги.
- Sie mag ihn. - Таа го сака него.