Германски јазик/Повратни глаголи
Повратни глаголи се оние кај кои дејството преоѓа врз лицето што ја врши работата. За разлика од македонскиот јазик, каде се користи кратката заменска форма од повратната заменка себе се (се радува, се смее, се мие и др.) која е иста во секое лице, во германскиот јазик повратната заменка sich се менува по лице.
|
|
|
Видови на повратни глаголи
уредиПостојат три вида на повратни глаголи во германскиот јазик:
Глаголи кои секогаш се повратни
уредиОдредени глаголи се секогаш рефлексивни; тие не можат да се користат без рефлексивната заменка.
На пр. sich bedanken - се заблагодари, sich erkälten - настине, sich schämen - се срами, sich erinnern - се сеќава
Глаголи кои понекогаш се повратни
уреди- Глаголи кои го менуваат своето значење кога се повратни