ЛУБЕНИЦА

Со конзумирање на лубеницата во текот на топлите летни месеци ќе му помогне на телото да се освежи и да се хидратизира бидејќи ова овошје содржи околу 90% вода.

Лубеницата уште во старите времиња се употребувала како намирница која го штити телото од преголемо губење на течности. Поради големото ниво на вода таа дава чувство на ситост, но содржи малку калории, само 29 на 100г. Освен вода содржи и витамин А, Ц, бетакаротен, ликопен, железо, цинк, калиум... Поради големата количина вода тие често се употребуваат за детоксификациски процес на организмот, бидејќи го чисти телото од штетни состојки кои се лачат преку урината, што придонесува за чистење на бубрезите. Лубеницата содржи минерали и витамини, овошна киселина и бои кои и даваат освежувачки вкус.

Конзумирањето на лубеница е важно за сочувување на здравјето - содржи железо во иста количина колку и спанаќот, затоа е одлична против анемија. Стручњаците откриле дека освен доматите лубеницата е еден од најголемите извори на ликопен - природен црвен пигмент кој има големо антиоксидациско и антиканцерогено дејство. Ликопенот го подобрува помнењето, ги спречува срцевите заболувања и некои облици рак.

Лубеницата содржи и уште еден важен антиоксиданс - витаминот Ц, кој е важен за нормално функционирање на организмот а овозможува и подобра апсорпција на железото.

Витаминот А и бетакаротенот се застапени во големи количини, а се корисни за добриот вид, го јакнат имунитетот и го спречуваат предвременото стареење.