Градел Илија манастир
- Градел Илија манастир,
- Градел Илија манастир, оф аман, аман,
- На врв на Пирин Планина.
- Оздола иде Илина,
- Оздола иде Илина, оф аман, аман,
- И на Илија говори:
- "Земи ме батко Илија,
- Земи ме батко Илија, оф аман, аман,
- Во твојта темна ќелија."
- "Не можам сестро Илино,
- Што ти се руси косите, оф аман, аман,
- И ти играат очите."
- "Косите ќе ги исечам
- Очите ќе си ги скротам
- Косите ќе ги исечам, оф аман, аман,
- Очите ќе си ги скротам. "