Давај ме мила мамо, давај ме

Давај ме мила мамо, давај ме,
За тоа мила мамо циганче.
Аман, оф аман, мила мамо,
Тоа циганче.
Устата му е мамо, кутивче,
Забите му се мамо, бисери.
Аман,оф аман, мила мамо,
Заби-бисери.
Куќата му е мамо, колиба,
За мене, мила мамо, палата.
Аман, оф аман, мила мамо,
За менe-палата.
Дење го гледам мамо, циганче,
Ноќе го гледам мамо, галабче.
Аман, оф аман, мила мамо,
Ноќе-галабче.

Надворешна врска

уреди

Музика