Да ти пукне мила мајко најмилото

Да ти пукне мила мајко најмилото,
Што ме даде, мила мајко, пусти Варош.
Оф, леле, леле, леле, пусти Варош,
Оф, аман, оф аманам, пусти Варош.
Пусти Варош, мила мамо, кај Митриќевци,
Митриќевци, мила мамо, многу луѓе,
Оф, леле, леле, леле, многу луѓе,
Оф аман, оф аманам, многу луѓе.
Сум месила, мила мамо, девет зелници,
Ред не дојде, мила мамо, јас да каснам,
Оф леле, леле, леле, јас да каснам,
Оф аман, оф аманам, јас да каснам.
Ми велеа, мила мамо, сум каснала,
Сум каснала, мила мамо, кај мајка ми,
Оф леле, леле, леле, кај мајка ми,
Оф аман, оф аманам, кај мајка ми.


Друга песна (или верзија) со истото име

уреди
Да ти пукне мамо најмилото,
Најмилото мамо, најдрагото,
Шо ми је даде мамо на далеко,
На далеко мамо преку Вардар.
Преку Вардар мамо, мечкино село,
Мечкино село мамо,
Мечкине људе,
Малечко дете.
На црква јодам мамо,
И он по мене иде,
И он помене иде,
И додо ме вика.
Не ти сам дода лудо,
Туку сам жена,
Туку сам ти жена лудо
Желки да ти јадат.

Надворешна врска

уреди

Оваа песна е собрана од селото Куфаја, од околината на Солун.

Во изведба на Костас Новакис