Димчета аскер го писале
Димчета аскер го писале е македонска народна песна.
Текст на песната
уреди- Димчета аскер го писале
- Димчета аскер го писале
- од баш Безирѓан детето
- аман, аман
- од баш Безирѓан детето.
- До три години свршено
- до три вечери женено
- аман, аман
- до три вечери љубени
- Кога разбрала невестата
- пљусна си две бели раце
- аман, аман
- пљусна си две бели раце.
- Право ми тргна на сарај
- на сарај кај Шаин Бега
- аман, аман
- на сарај кај Шаин Бега.
- Ефенди џанам ефенди
- колку флорини ќе сакаш
- аман, аман
- од грло ќе ти извадам.
- Од грло ќе ти извадам
- Димчета да го отпушчиш
- аман, аман
- Димчета да го отпушчиш.
- Невесто млада невесто
- царот флорини не сакат
- аман, аман
- туку ми сакат момчиња.
- Момчиња како Димчета
- што знает пушка да носат
- аман, аман
- што знает сабја да вртет.