Дојди, дојди калеш море Димчо

Дојди, дојди калеш море Димчо е македонска народна песна.

Текст на песната

уреди
Дојди, дојди калеш море Димчо
Дојди, дојди калеш море Димчо
вечер на вечера. [2х]
Трај на, на, на, на, на, на [2х]
вечер на вечера.
Вечер на вечера калеш Димчо
мајка не е дома. [2х]
трај на, на, на, на, на, на [2х]
мајка не е дома.
Мајка не е дома калеш Димчо
на гости ми појде. [2х]
Трај на, на, на, на, на, на [2х]
на гости ми појде.

Надворешни врски

уреди

Блог за македонски народни песни