- Драганка ѓергеф везеше
- у таја бавча шарена
- на таја трева зелена
- до таја вода студена
- ем везе Драга ем пее
- славеј високо леташе
- и си Драганка слушаше
- и си Драганка слушаше
- Пркна ми славеј долета
- до Драганка си кондиса
- на Драганка и’ продума
- на Драганка и’ продума
- Драганке моме убаво
- ај да си облог ставиме
- кој кого ќе го натпее
- кој кого ќе го натпее
- Ако ме мене натпееш
- крилцата да ми одрежеш
- крилцата до раменцата
- крилцата до раменцата
- Ако те тебе натпеам
- косите да ти пресечам
- косите од руса глава
- косите од руса глава
- Драганка славеј натпеа
- славеј се милно молеше
- Драганке моме убаво
- немој ми крилца одрежуј
- Немој ми крилца одрежуј
- јас ќе ти пеам препевам
- на бел на црвен трендафил
- на бел на црвен трендафил