Дремка ми се дреме мила мамо

Дремка ми се дреме мила мамо,
На црениве очи.
Ај, дремка ми се дреме мила мамо,
На црниве очи.
"Ако ти се дреме мили сине,
Вечерај па легни.
Ај, ако ти се дреме мили сине,
Вечерај па легни."
Ајде и да легнам мила мамо,
Сон не ме фаќа,
Ај, сон не ме фаќа мила мамо,
За мојто комшиче.
Иди ја посакај мила мамо,
Дал' ќе ти ја дадат,
Ај, иди ја посакај мила мамо,
Дал' ќе ти ја дадат.
Ако ти ја дадат мила мамо,
На пајтон ја качи,
Ај, ако не ја дадат мила мамо,
Постој, погледај ја.

Надворешна врска

уреди

Музика