Елено моме, Елено
Елено моме, Елено е македонска народна песна.
Текст на песната
уреди- Елено моме, Елено
- Елено моме, Елено
- Елено моме, Елено
- не гази сено зелено
- ај не гази сено зелено.
- Не гази сено зелено
- не гази сено зелено
- млади момчина косеа
- тебе те Ленче просеа.
- Тебе те Ленче просеа
- тебе те Ленче просеа
- за едно момче убаво
- убаво, ем и богато.