ЖЕСТОКИ БИТКИ НА ЦЕЛИОТ ФРОНТ

Српската Врховна команда на 2 јули 1913 година во 6.00 часот и’ наредила на 3. армија да настапува и таа до 13 часот избила на Брегалница од Штип до Крупиште. Наредбата била третата. армија да изврши напад кај Штип, а првата. армија кај Рајчанскиот Рид точно во 13.00 часот. Нападот бил одложен поради силната одбрана на бугарските сили. Бугарската Врховна команда извршила засилувања на четвртата. армија со еден полк од петтата. армија. Србите ја засилиле третата. армија со Доброволната бригада на десното крило а со првата. коњаничка дивизија и со Црногорската бригада на централниот дел. Бугарската влада, поради дотогашните послаби резултати, на 2 јули го сменила генералот М. Савов од должноста помошник на Врховниот командант, а на негово место бил поставен генералот Ратко Димитриев.

Во наредните неколку денови се развила жестока борба на целиот фронт. На српската војска и’ пристигнала нова помош со оглед на тоа дека во јули била извршена нова мобилизација и биле собрани 30.000 регрути, кои главно биле од Македонија и биле испратени на фронт без каква и да е обука. До 7 јули, битката на Брегалница се водела со наизменични напади и успеси. Вечерта на 7 јули 1913 година, српската Врховна команда и’ издала наредба на третата. армија на 8 јули во раните утрински часови да изврши напад на целиот фронт кај Штип со сите сили и средства, а Првата армија, односно Моравската дивизија да изврши напад кај Кочани.

Меѓутоа, бугарските единици веќе биле повлечени, со оглед на опасноста од грчките сили што настапувале кон север за да им ја пресечат отстапницата кон Бугарија. Со тоа битката на Брегалница била решена. Од воено-стратегиски аспект, српските сили во битката на Брегалница ја промашиле својата цел, поради тоа што бугарските сили уште на 6 јули се повлекле за да не паднат во стапица на грчките сили. На тој начин, српската трета. армија што настапувала на фронтот од Криволак до Зрновци во должина од 50 километри, покажала со класичен пример како не треба да се војува.