Запеала Љуба од градина

Запеала Љуба од градина

Запеала Љуба од градина

да ја чуе Науме во планина.

Кога дочу Науме во планина,

си остави стадо отворено.


До стадото шарено кавалче,

од кавалче змија проговори:

- Расти, расти ти трево зелена,

расти, расти, ти трево зелена.


Ко ќе иди Науме од планина,

да го каснам Науме за раката.

Ко ќе иди Љуба од градина,

да ја каснам Љуба за ногата.